Заврши претседателската дебата меѓу Клинтон и Трамп, која во живо можеше да се следи доцна во ноќта.Медиумите ја опишаа дебатата како бурна и жестока.
Накратко, Трамп ја обвини Хилари дека е слаба и неспособна за да биде претседател. Таа пак, го обвини дека кажува лудости, дека е расист, дека ги навредува жените, како и дека ја обвинува за се, па дури и за фактот дека се подготвувала за дебатата. За скандалот со приватниот сервер за кој тој ја обвини, таа одговори дека е „грешка“. Сепак, немаше многу аргументи, кога тој ја обвини за неуспешните војни што владата поддржана од нејзината партија ги води против ИД.
Ова се неколкуте важни точки:
Клинтон тврдеше дека кога стана државен секретар, Иран беше на неколку недели оддалечен од тоа да стане нуклеарна сила, но ниедна државна разузнавачка служба не го поддржува ова тврдење.
Следното погрешно тврдење на Клинтон е дека ослободувањето од плаќање школарина за оние кои студираат на државните универзитети е исто како и ослободување од долговите: Според неа, инвестирањето во средната класа ќе го намали долгот на студентите. Трамп се спротиставува: Според нејзиниот план, владата ќе го направи бесплатно студирањето на децата од семејства чии приходи се помали од 125.000 долари годишно. Но, тие се уште ќе треба да плаќаат огромна сума за престој. Експертите пак, се загрижени за другите ефекти, како зголемувањето на данокот како последица на ваквата мерка.
Клинтон исто така не беше во право ни околу создавањето на работните места, што според неа најмногу доаѓаат од малите бизниси. Но, улогата на креирање на работни места им припаѓа на новите бизниси, а не на малите.
Се на се, дебатата е опишана како еднаква, а експертите велат дека зависи од реакциите на јавноста, кои се уште се измешани. Сепак, веќе започнаа обложувањата: Според Новозеландската фирма „Предикт ИТ“, шансите на Клинтон се зголемени за 6%, а на ирскиот сајт за обложување „Педи Пауер“, уплатите за Трамп паднле на пет отсто во февруари, но се качиле на 44 отсто во мај, додека влоговите за Клинтон паднле на 37 отсто во јануари, па се качиле на 79 отсто во август.
Првата претседателска дебата е една од трите планирани, пред претседателските избори во САД на 8 ноември.Медиумите ја опишаа дебатата како бурна и жестока.
Накратко, Трамп ја обвини Хилари дека е слаба и неспособна за да биде претседател. Таа п