„Првата мерка на Владата на ВМРО-ДПМНЕ во 2014-та година беше законот за отпис на долгови, а првата мерка на Владата на СДС во 2017-та година е рушење на нешто што е веќе изградено“

Првата мерка на Владата на ВМРО-ДПМНЕ во 2014-та година беше законот за отпис на долгови, а првата мерка на Владата на СДС во 2017-та година е рушење на нешто што е веќе изградено, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
 Владата на Заев не губи време да го оправда епитетот антиреформска. Уривање на оградата околу владината зграда и укинување на програмата „Кембриџ“ се приоритетите на Зоран Заев и неговиот тим.
Нема нови проекти, нема подобрувања, нема нова додадена вредност за граѓаните.
Граѓаните не сакаат деструкција, блокади и поништување на проектите. Граѓаните се против антиреформи. Тие очекуваат СДС да го исполни ветеното. Да не се реализира Тиранската Платформа и да се изградат нови 500 километри автопат. Граѓаните очекуваат минимална плата од 16.000 денари, просечна од 30.000 денари, а лекарите со право се надеваат дека час поскоро ќе добијат плати од 100.000 денари, кои СДС им ги вети.
Граѓаните се во исчекување и на дополнителни 30.000 денари годишно, кои Заев ги ветуваше како поврат на 15% од ДДВ.
Граѓаните очекуваат отпочнување на преговори за членство во ЕУ и влез во НАТО без да се задира во македонскиот идентитет.
СДС нема да може вечно да живее на кредит употребувајќи го зборот „ќе“ и со лажни вести да се обидува да го дефокусира вниманието од ветувањата кои ги даде, обидувајќи се да го оцрни ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓаните се мудри и знаат што значи Влада која работи за нивно добро. Граѓаните ја гледаат разликата, а истата ќе ја види и СДС на првите наредни избори.Владата на Заев не губи време да го оправда епитетот антиреформска. Уривање на оградата околу владината зграда и укинување на програмата „Кем

Пронајдете не на следниве мрежи: