Првата прес- конференција за Виз Ер Скопски Маратон 2016 во Инфо центарот на ЕУ во Скопје

Во четврток од 12:30 во Инфо центарот на ЕУ во Скопје ќе се одржи првата прес-конференција за Виз Ер Скопски Маратон 2016Годинешното издание на Виз Ер Скопски Маратон се очекува да биде најмасовно до сега, бидејќи до денес сè имаат пријавено повеќе од 4500 учесници од 38 земји од светот, а овој број се очекува во следните денови да се зголеми, бидејќи до 8 април е рокот за пријавување по поволна цена. 12-то издание на најпопуларниот спортски настан во нашата држава оваа година се одржува на 8-ми мај. Пред Скопскиот маратон по четврти пат ќе се одржи и Женската трка, која е закажана за 10-ти април. Станува збор за трка која од година во година се здобива со голема популарност, а и бројот на жените кои учествуваат е сè поголем. За во недела се очекува бројка од 1000 жени да земат учество и да се појават во 10:00 часот во Градски парк во Скопје кај Школка.
Од година во година се зголемува и интересот на странските учесници, најмногу поради подобрување на квалитетот на маратонот во секој поглед, како организациски, така и  содржински, но и поради следењето на сите трендови во маратонското трчање. Ова е доволен показател дека Скопје гордо се вбројува помеѓу популарните европски маратони за оваа година.
На прес Конференција, свое излагање пред медиумите ќе имаат Аиво Орав, амбасадор на ЕУ во Р.Македонија, Кире Синадиновски, Директор на Маратонот, Марјан Спасески, Директорот на Агенција за Млади и спорт, претставник од Град Скопје, кои заеднички го поддржаа маратонот и најавија настан кој се смета за еден од најголемите во регионот.
Локација: Информативен центар на ЕУ – бул. Св. Кирил и Методиј 52б Скопје
Датум: 07.04.2016, четврток
Време: 12:30 часотГодинешното издание на Виз Ер Скопски Маратон се очекува да биде најмасовно до сега, бидејќи до денес сè имаат пријавено повеќе од 4500

Пронајдете не на следниве мрежи: