Пред пет децении тој радикално го промени повлекувањето пари во готовина – денеска првиот банкомат во светот го слави 50-тиот роденден.Рожбата на шкотскиот пронаоѓач Шепард Барон, првиот банкомат е почна со работа на 27 јуни 1967 година во банката Барклис (Barclays) во Енфилд, Северен Лондон. Тоа беше првата таква машина од вкупно шест, порачани од институцијата.
Англискиот актер Рег Ворни од комичната телевизиска серија „Во автобусите“ е првиот човек кој повлекол пари од новата машина.
Во светот сега има околу три милиони банкомати. Вкупно во Велика Британија сега има околу 70.000 од нив минатата година се повлечени 175 милијарди британски лири. Банкоматот монтиран во најсеверните делови на планетата, се наоѓа во Норвешка, а најјужно распореден банкомат е оној во антарктичката станица „МакМардо“.
За да се одбележи годишнината, Барклис го преобрази првиот банкомат во „златен“, постави табла и црвен килим пред клиентите.Рожбата на шкотскиот пронаоѓач Шепард Барон, првиот банкомат е почна со работа на 27 јуни 1967 година во банката Барклис (Barclays) во Енфилд, Севе