Првиот чекор:Цената и ризикот кога жената го прави првиот чекор

Седејќи во локалното кафуле, на прв проглед го забележав…Играше мистериозноста со моите мисли, бидејќи не можев убаво да му го видам лицето. Прашањето дали тој ме забалежа како да ги разбудуваше пеперутките во мене.
Обичниот кафе-муабет веќе не ми беше интересен… со една голтка го завршив ладното макијато и побрзав до шанкот… Како да не бев јас во тој половина час… На мал лист го напишав својот број, љубезната келнерка прифат даи го му го предаде…
Заминав…
Колку ли жени би го направиле првиот чекор? Дали мажите ја сакаат таа храброст, ги привлекува ли тоа? Размислував додека се наближував кон дома, што понатаму? Но сигурноста во себе, не ми дозволи да се покајам поради тој чекор… Се вратив назад му се приближив, збунето ме гледаше со неговите очи, а како да сјаеа два црни бисери.
Бидејќи не беше сам, се извинив на вознемурување и му прошепотив дека само сакав да бидам сигурна дали го добил мојот број… Откако добив потврден одговор заминав, давајќи му до знаење дека страста ќе владее наскоро меѓу нас…
Оставив ноќта да тече мирно со чаша вино и пријатен телефонски разговор со Неа – моето второ јас, најдобрата пријателка од детството.
Очигледното прашање од неа беше, колку ли време ќе му треба да ти се јави?! И колку навистина му треба време на мажот да се јави, дали егото му се гази ако жената го направи првиот чекор или тоа го возбудува?
Му ја крева ли цената обичното парче хартија на кое стои нечии  број? Не би ме пропуштил! – и реков, со блага насмевка и голтка вино…
Димот од цигарата го гушеше чистиот воздух, а моите фантазии водеа во безобразни сцени, даваа инспирација и мотив за почеток на нешто ново… Идеја за нова сочна приказна…
Со првите зраци на сонцето ме разбуди повик од непознат број… 
Е.А.Играше мистериозноста со моите мисли, бидејќи не можев убаво да му го видам лицето. Прашањето дали тој ме забалежа како да ги разбудуваше пеперутки

Пронајдете не на следниве мрежи: