Првиот човек во американската медиумска сфера го осуди односот на Заев кон медиумите

„Нападот врз слободните медиуми е напад врз сите нас“, ја насловува својата колумна угледниот аналитичар Мајкл Михан. Овој меѓународно признат експерт во анализата на слободата на медиумите ја осудува изјавата на лидерот на СДСМ за медиумите кои не се во сопственост на опозицијата.За американскиот авторитет во медиумската област, она што се случува во прозападно ориентираните држави, каква што е Македонија е најблаго речено парадокс. За разлика од режимите на цврста рака иманентни на некои евроазиски држави, Македонија е земја која е водена од про-НАТО и про-европски премиер, Никола Груевски, пишува Михан во колумната со наслов „Нападот врз медиумите е напад врз новинарите и напад врз сите нас“, објавена во весникот на Американскиот Конгрес.   Според аналитичарот тоа е неочекувано и навистина вознемирува.
„Неочекувано  и навистина вознемирувачки, што се случува во прозападно ориентираните држави. Македонија е држава управувана од премиерот Никола Груевски кој е за членство во НАТО и е про-западно ориентиран. Македонија е , исто така, кандидат за членство во Европската унија“, пишува Михан во колумната објавена во форумот на „Капитол хил“.
Затоа, некогашниот член на радиодифузниот совет на гувернери номиниран од двајца претседатели, Обама и Буш, изјавата на лидерот на опозицијата Заев, кој ги оквалификува медиумите за политички непријатели на СДСМ,  ја оценува како „враќање во темните времиња на македонската историја“.
„Во земјата, опозициската партија СДСМ е предводена од Зоран Заев, наследник на поранешната комунистичка партија за време на Студената војна. Во минатата недела, Заев изјави дека четири од седумте најголеми телевизиски станици во земјата и дневни весници-сите независни и не се во сопственост на СДСМ – се негови „најголеми политички непријатели“. Соочувајќи се со бран критики, партијата на Заев во соопштение го повтори ставот нарекувајќи ја катастрофална сегашната состојба со независните македонски медиуми. Со коментарите на Заев се враќаат темните времиња на македонската историја“, пишува американскиот политички аналитичар во дневниот весник што е форум на американскиот Конгрес.
 
Кој е Мајкл Михан?
Тој  продолжува дека во состојба во која се наоѓа Македонија поради актуелната бегалска криза, со притисокот врз слободното, независно новинарство се ограничува правото на граѓаните на пристап кон важните информации, но и се поткопуваат и сопствените демократски вредности. Затоа , нападот врз медиумите е напад врз новинарите и напад врз сите нас, го завршува коментарот американскиот експерт за изјавата на лидерот на СДСМ за медиумите.
Мајкл П. Михан е претседател и извршен директор на „Скверд кумникејшнс“ и основачки партнер на „Потомак вест груп“. Веќе 30 години, Михан е во епицентарот на комуникациите, политиката и политичките сфери, остварувајќи јасни и концизни успеси од „борбената“ сала на Капитол хил, до обезбедување помош на компании, фондации, трговски здруженија, непрофитни организации и коалиции, како да ги спроведат прашањата врзани со нивните приоритетни политики.
Како експерт по комуникации, национални и меѓународни медиуми, развивањето пораки и нивната имплементација, избори и избирачки политики, Михaн е солидно поставен во однос на градењето таргетирани и персонализирани кампањи за јавни односи, кои ги постигнуваат претходно одредените јавни политики и медиумски цели.
Додека бил во Капитол хил, Михан бил шеф на персоналот на сенаторот на САД и советник за многу американски сенатори, а долги години управувал со најголемите политички работни позиции на сите три национални комитети на Демократската партија. Како доказ за неговата способност за изнаоѓање консензуси и да дојде до напредок, претседателите Барак Обама и Џорџ В. Буш го номинираа Михан како член на владината организација BBG, која ги надгледува сите интернационални компании во областа на јавната дипломатија.
Михан служел во BGG од 2010 до 2015 година, каде беше претседавач на Комитетот за стратегии и буџет, како и на Комитетот за глобална интернет слобода. Исто така, работел како претседавач на одборот на Радио слободна Азија, а Михан добил пофалби и од Visual Artists Guild и добил награда за слобода во говорот во 2013 година. Михан работел како постар советник за комуникации на Џон Кери.
Има стипендија од колеџот Бејтс во политички науки и едукација, експерт е за медиуми, комуникација и политика, а се појавил и на национални емисии и програми и одржувал предавања на универзитетите Колумбија, Беркли, Харвард, УЦЛА, Стенфорд и други. За американскиот авторитет во медиумската област, она што се случува во прозападно ориентираните држави, каква што е Македонија е најблаго речено п

Пронајдете не на следниве мрежи: