Единствениот македонски претставник кој остана во Лига Европа е тимот на Хоризонт Турново, па така на нашиот претставник едноставно му се насмевна среќата во ова натпреварување, првиот меч против Хајдук ќе се игра на „Пољуд“ но без присуство на публика, реванш дуелот во Скопје, подобро не можеше да биде.
УЕФА го објави распоредот за второто квалификациско коло во Лига Европа, па иако се очекуваше дека Турново ќе игра прво на домашен терен, испадна обратно. Нашиот претставник прво ќе игра на гостински терен, на „Пољуд“, пред празни трибини поради тоа што навивачката група на Хајдук, популарната „Торцида“ има забрана од УЕФА поради инцидентите минатата сезона, додека пак реваншот повторно Турново ќе го игра на домашен терен, на „Националната Арена Филип Втори“.
Првиот натпревар се игра на 18 јули, додека пак реваншот во Скопје се игра на 25 јули.
Фото: fkhorizont-turnovo.com Единствениот македонски претставник кој остана во Лига Европа е тимот на Хоризонт Турново, па така на нашиот претставн