Првиот соларен автомобил во светот би можел да помине неограничена километража!

Immortus е соларен автомобил, кој во иднина би требало да се движи со неограничена километража при брзина од 60 км/ч кога има сонце.Електричните автомобили почнаа да го зголемуваат присуството во портфолиото на водечките производители во автомобилската индустрија.
Immortus e концептуален модел, кој се базира на најновите технологии и импресионира со својот аеродинамичен дизајн и лесната возачка кабина. Предметниот автомобил е создаден со идејата да генерира енергија додека се движи благодарение на соларните панели во горниот дел, чија вкупна површина е 7 метри квадратни.
Во случај на соодветно сончево време, панелите можат да му дозволат на Immortus да се движи со брзина од 60 км/ч за неограничен временски период, тврдат креаторите му од EVX Ventures.
Maксималната брзина е 150км/ч. Времето потребно за забрзување од 0 до 100 км/ч е малку под седум секунди и автомобилот нуди место за двајца патници и преграда за рачен багаж.
Immortus, исто така има вградена литиум-јонска батерија со капацитет од 10kWh и е опремен со два мотори во задниот дел.
Официјалната премиера на иновативниот автомобил на компанијата се очекува да се реализира во текот на SEMA 2015 саемот, што започнува на 3 ноември.
Од компанијата изјавија дека ценатана автомобилот би можела да достигне 370.000 американски долари, а во почетокот ќе бидат произведени само 100 автомобили.
Според досегашните спецификации, може да кажеме дека ова е еден од најдобрите соларни автомобили кои сме ги виделе досега.Електричните автомобили почнаа да го зголемуваат присуството во портфолиото на водечките производители во автомобилската индустрија.
Immort

Пронајдете не на следниве мрежи: