Словачката компанија „Аеромобил“, веќе 25 години работи на првиот модел на вистински летечки автомобил, а откако кон крајот на минатата година и официјално ја претставија својата креација која би можела да направи вистинска револуција во транспортот, оваа недела соопштија дека „аеромобилот 3.0“ ќе се појави на пазарот во 2017 година.„Веруваме дека до 2017 година нашиот производ ќе можеме да го лансираме на пазарот“, изјави извршниот директор на словачката компанија „Аеромобил“, Јурај Вакулик.
Вакулик додаде дека длабоко верува во иднината во која летечките автомобили ќе летаат пониско од денешните авиони, а патувањето со „летечко такси“ ќе стане дел од секојдневието.
„Аеродромите нема да ни бидат потребни“, додаде тој. „Кога ќе се појават, овие возила на многумина ќе им претставуваат корисен начин за превоз“.
За разлика од останатите проекти, „аеромобилот“ ги исполнува повеќето законски регулативи, како за копнените, така и за воздушните возила во Европа, а Вакулик напомена дека и понатаму постојат одредени законски пречки кои мора да се надминат, како што е одредувањето каде летечките автомобили ќе можат да полетуваат и слетуваат.
„Аеромобилот“ на копно достигнува брзина од 160 km/h, додека неговите пропелери му овозможуваат летечка брзина од 200 km/h. За полетување му се потребни 230, а за слетување само 45 метри од „пистата“.
Погледнете го видеото:„Веруваме дека до 2017 година нашиот производ ќе можеме да го лансираме на пазарот“, изјави извршниот директор на словачката компанија