Прво ги уништуваат, а потоа се воодушевуваат на објектите од Скопје 2014

По налог на СДСМ и Сорос уништуваа и фрлаа боја кон спомениците и објектите од проектот Скопје 2014 нанесувајќи штета од илјадници евра, а всушност своите приватни прослави ги закажуваат токму во овие објекти.Еден од приведените за демолирање на објекти, дел од таканаречената Шарена револуција, Бранимир Јовановиќ денес токму во Порта Македонија присуствуваше на конференција Миграцијата како социјална заштита. Јовановиќ беше еден од најгласните при ударот на македонскиот идентитет.
 
И додека на СДСМ и Зоран Заев пред јавноста им пречи проектот Скопје 2014 и удрија по институциите со боја, за сопругот на заменик претседателот на опозициската партија Радмила Шеќеринска, новиот Македонски народен театар е вистинското место за одржување на спектакуларна прослава на 20-тиот роденден на Дајнерс.
 
Секако Бобо Дајнерс беше придружуван од сопругата Шеќеринска, а на забавата во новиот театар присутен беше и лидерот на СДСМ Зоран Заев.
 
Дел од оние кои удрија по македонскиот идентитет и се вклучија во фабрањето на објектите и спомениците беше и Нора Шаќири која по извршената задача, одлучи граѓанскиот брак со своето момче да го склучи токму во Музејот на македонска борба за слобода, објект дел од проектот Скопје 2014.
Еден од приведените за демолирање на објекти, дел од таканаречената Шарена револуција, Бранимир Јовановиќ денес токму во Порта Македонија присуству

Пронајдете не на следниве мрежи: