Стартот на новата 2016 година на акушерското одделение во кочанската Општа болница донесе прво, па машко. На неговото раѓање се чекаше цела недела по почетокот на годината, пренесува Канал 8.На свет го донесе Стефанија Ристова од Јакимово, а тоа е трета ваква радост за неа и нејзиниот сопруг, со кого претходно имаат две ќерки. Бебето се родило на 8 јануари, половина час по полноќ без никакви проблеми, а породувањето го извршил доктор Фонзи Јуруков.
– Почна новата година со породување на машко живо дете со тежина од 3 килограми и 120 грама, 49 сантиметри е долго. Беше нормално породување, во ред е породувањето, бебето е добро, мајката исто така е добро, им посакувам се најубаво на мајката и на новороденото, долг, среќен и бериќетен живот, рече д-р Фонзи Јуруков, гинеколог.
Според статистиката што се води во Акушерското одделение во кочанската болница од година во година продолжува трендот на опаѓање на бројот на породувања. 2013-та заврши со 390, 2014-та со 360, а во 2015 година бројот на родени бебиња е уште помал.
Според лекарскиот тим во кочанската болница, бебето и мајката по породувањето се во одлична здравствена состојба и деновиве ќе бидат пуштени дома. Родителите се уште не решиле кое име ќе му го дадат на новороденчето, а се надеваат дека ќе добијат поддршка што државата го дава за секое трето дете.На свет го донесе Стефанија Ристова од Јакимово, а тоа е трета ваква радост за неа и нејзиниот сопруг, со кого претходно имаат две ќерки. Бебе