Првото кабаре во светот се појавило во Франција за време во 1881 година. Тоа било познато како “Le Chat Noir” или Црната Мачка.
На почетокот сите љубопитни Французи како и голем број туристи го посетувале ова кабаре при што полека, но сигурно станувало познато ширум Европа. Првото кабаре во светот го отворил Родолф Салис, кој бил принуден истото да го затвори во1897 година. Кабарето било сместено во квартот Монтмарт, Париз кој бил познат по фрекфенцијата на уметници и иктелектуалци.
Најпознати изведувачи биле Жозефин бејкер и транвеститскиот изведувач Жоао Франциско дос Сантос ( Мадам Сата). Тоа било првото модерно и уметничко кабаре кое истовремено било ресторан, кафуле, концертна сала, театар.
Според Салис, “ Le Chat Noir” било најекстраординарното кабаре во светот. Било посетувано од најпознатите луѓе во светот кои уживале во уметничките танци и перформанси на француските девојки.
По само три години од отварањето, поради неговата популарност биле принудени да се преселат на друга локација, а кон крајот на своето постоење како кабаре било преместено повторно и на својата последна локација било трансформирано во модерен хотел.
Лоцирано на неколку метри од Мулин Роџе, сегашното кабаре во Париз, Црната Мачка е олицетворение на најпосетуваното место во Париз во 18 век.Првото кабаре во светот се појавило во Франција за време во 1