Секој ден и ноќ се прашувам како ќе им објасниме, тие што ќе преживееме, на нашите деца и правнуци за она што го дозволивме да се случи со нашата Македонија.
Од друга страна, пак, ми доаѓа да го прашам мојот татко, зошто дојде до ова, и да му речам: како ќе ми објасниш драг татко (намерно цел живот тој го посвети за независна Македонија, како во политиката, така и низ ангажираниот театар, тој е, бил и ќе биде за самостојна Македонија и ВМРО ДПМНЕ, а покрај тоа беше и Претседател на Собрание во најтешките моменти, кога ДУИ со 3000 амандмани не дозволуваа да се донесе ниту еден закон, кога Собранието беше со врзани раце, додека тие тропаа пред Претседателот со разни предмети, мобилни телефони, раце и слично и закочија секаква демократија), и како сега мој најмил татко ќе ми објасниш зошто најубавите години од мојот живот отидоа во целосна неизвесност околу нашата иднина, иднината на Македонија и иднината на нашите деца. Зошто дозволивте? Зошто сте трпеливи? Ако треба би одела во војна, би војувала за да ја одбранам Татковината, за моите и нашите поколенија да имаат своја држава, а не да останат апатриди (луѓе без држава). Таман се израдував дека Македонија се ближи под водството на Груевски кон високо цивилизираните земји, таман си поверував дека нашата Татковина ќе достигне економски развој барем малку сличен на северните земји, каде владеат политичарите, а каде народот го ужива нивното владеење и благосостојба, се појави еден непрепознатлив по ништо човек, (Јуда е комплимент), еден ништожник, преку кој идејата за Илирида се остварува забрзано и сигурно. Се сеќавам кога имав 10, 11 години, се зборуваше онака под рака, се шепотеше дека за 30 години ќе има Голема Албанија, а ние децата некако заспивавме уплашени не знаејќи баш што значи тоа. Сега кога сме многу големи, и кога тие 30 години ни изминаа во целосна несигурност, со исклучок на периодот од 2006-та до есента 2014-та, кога сите почувствувавме дека доаѓа некој напредок, сигурност, просперитет, сега само можам да потврдам едно. Секој миг, секој дел од секундата на она што е сега и овде, и текот на развојот на нештата какви што се, толку е јасно, што веќе бомбите паѓаат како вредност на македонскиот пазар на политики, а истите ја намалија довербата на народот во ВМРО ДПМНЕ, поради кои изгубивме некои општини, поради плиткоста на некои гласачи, и кои поради истите, намерата им беше да го симнат Груевски од премиерската функција, само и само да го нема човекот, кој ја носеше нашата Татковина кон едно подобро утре, човекот кој е мојот пример за работа, посветеност, и воркохолизам. Сега е јасно. Нивната вредност паѓа правопропорционално со билдањето на платформата. Содржината на бомбите е тотално дисфункционална, во однос на она што тие, продавачите, трампачите на Македонија сакале да го постигнат- нивната платформа. И така, тие 350.000 луѓе, македонци, гласале по автоматизам само да го нема Груевски. Знаеле ли тие за платформата? Нормално да. Многу од нив да, а многу од нив за инает на Никола Груевски. Тоа е тој македонски синдром. Подобро да пропадне цела држава, само да нема еден човек- Никола Груевски. Зошто платформата беше дел од изборната кампања на СДСМ. Заев ја најави во Швајцарија. Уште една година пред изборите Заев се изјасни за двојазичност од градинките, до кантонизација и федерализација. Трн во око им беше просперитетот на нашата Македонија. Нервни сломови добиваа за секоја странска инвестиција во Македонија. Значи ќе повторам за сите оние кои се прават на удрени, вклучително и дел од нивната елита, 350.000 гласачи гласаа за платформата, пардон програмата.
Сега нема назад. Многумина на социјаната мрежа фејсбук пишуваат за војни. Јас верувам дека нема да има војна. Војна против кого? Ќе се бориме да му цркне козата на комшијата или за инает? Лесно е да се води војна. Тешко е да се воспостави мир. Има луѓе на кои не им треба многу да се тресат од задоволство при помислата дека можат да палат, да стрелаат, да разнесуваат со бомби, да силуваат, сечат и палат, да јадат мали деца. Војната луѓе е крвава работа, а грешката станува трагична за оние кои ќе гинат бесмислено. Не беше ли поисплатливо да се потрошат еден пар лисици за еден нечовек, отколку да дојде сега до војна и да загинат стотици невини луѓе.
И ако има било каков протест, било каква револуција против најголемата неправда, односно со право да кажам војна. Војната ни ја објавија пред две и пол години и трае толку колку што трае. На војна се возвраќа со војна. Ние возвративме со мир. Но ако се возврати со одбрана на оваа бескрупулозна и психоделична војна, тогаш не треба да чекаме наредба. Ниту еден протест, ниту една револуција ниту една борба за човекови права и демократија, ниту еден револт против неправда не чека наредба. Народот или ќе изреагира инстинктивно, или нема ни револуција ни контрареволуција. Притисокот од страна на надворешните авторитети расте. На тест сме од надвор колку сме силен народ. Држава без народ не е држава. Ако чекаме да влезат во Собрание, ќе биде доцна. Никој нема да ги истера. Ветено им е доколку соберат потписи. Но тогаш ќе се сврти тркалото. Ќе биде коцкасто. Ќе се врти со големи потреси и ќе биде неудобна вожњата за предавниците. Тогаш ВМРО ДПМНЕ ќе тропа на Собраниската говорница со 923456372 амандмани, потполно исто како опозицијата во 2006-та, и никогаш и никако нема да им дозволиме да изградат ниту една канализациска цефка во Муртино. Она што е сега битно. Колку Македонецот е созреан сам да излезе и да застане на браникот на Татковината? Не ни треба наредба. На еден народ, со големо „Н“ Народ, не му треба наредба ако тој чувствува автентичен нагон да излезе, а најмалку му требаат документирани фб сликички за да докаже на ВМРО ДПМНЕ дека е Народ. ВМРО ДПМНЕ знае дека 500.000 луѓе стојат зад него и дека имаат верба која никогаш нема да изумре- вербата во лидерот Никола Груевски. Па дајте изненадете го Груевски. Кога он ви отвараше работни места, на сите одеднаш, на македонци, албанци, срби, турци, роми, власи, бошњаци што направите за него? Што направивте за државата? Сега имате шанса и сите ние (и јас се ставам во сето тоа), значи имаме шанса да го изненадиме. Без наредба да излеземе и да докажеме пред се на нас самите дека можеме, а потоа и на Никола Груевски дека сме со него без наредба од партијата, од некој генерал или што и да е. Народот во Турција излезе спонтано. Го заштити Ердоган. Не е време да глумиме состојба на жртва. Има и такви херои на фб кои самите се подготвени да излезат. Но не се сигурни кој и дали некој ќе ја напушти фотељата, ракијата и туршијата или веќе зелената салата како проаѓа времето. Драги мои или ќе се предадете со бело знаменце и ќе му честитате на Заев, или природно, неорганизирано сите ќе излеземе да покажеме дека ние 450.000 или 500.000 не сме овци. Ние сме ВМРО ДПМНЕ. Сите заедно. Зошто после стрижење иде жигосување. Би требало да врие во нас, да сме иснпирирани, а како што сме изманипулирани по принципот „рани го ѕверот“ и ќе создадеш монструм (а тоа ни се случи) две и пол години го храневме ѕверот, само заради мир, сега да ве прашам: не ли се чувствувате инспирирани да излеземе во една колективна револуција. Улогата на жртва си ја замислувам вака- ракија, салата, кафетинче, дијазапамче, дебатни емисии кои не водат никаде, псовки и колнење. Трката почнува. Џокејот забрзува. Да бидеме Прометеј. Да го украдеме огнот од небото и да ја вратиме брилијантната иднина, која ни ја украдоа соросоидите од пред нос. Дајте да се разбудиме сите, за да не ја украдат иднината на нашите деца. И без селфија ве молам. Тоа е стилот на нашиот противник и стилот на малите деца. Нека дојде CNN да ни направи селфи. Ние пораснавме одамна. Само да не остареме без држава и посрамотени. Зошто некои можат да имаат по две три држави, а ние ниту една. Д-р Мери Георгиевска
Од друга страна, пак, ми доаѓа да го прашам мојот татко, зошто дојде до ова, и да му речам: како ќе ми објасниш драг татко