Психологијата на вкусовите: Луто сакаат авантуристите, а кисело претенциозните

Омилените вкусови се најмоќниот прозорец во потсвеста и откритие на многу тајни од темпераментот, како типот на социјализација, склоност кон авантура, но и флерт и ризик…Исто како и вашата омилена боја, омилени филмови и музика, желба за солени чипсови, пиперки, кисел цитрус и вкусни колачи е тесно поврзан со личноста, според американскиот невролог д-р Алан Р. Хирш. во книгата “Што е вкусот на вашата личност?”.
Педантните грицкаат
Фановите на крцкањето очекуваат многу од себеси, сакаат точност и педантност. Енергични се, забавни и полни со ентузијазам, вели д-р Хирш.
Привлечноста мириса на јасмин, ванила и цимет
Само десет проценти од вкусовите му должиме на непцето, а дури 90 проценти на рецептори за мирис кои предизвикуваат емоции. На пример, мирисот на розовиот грејпфрут влијае на перцепцијата и поради тоа жените изгледаат поатрактивни и за шест години помлади, вели д-р Алан Р Хирш. Мирисот на чили пиперка ја зголемува сексуалната желба, а мирисни афродизијаци се и мирисот на јасмин, ванила и цимет, но само ако ги користите во помали количини.

Љубителите на црната чоколада се забавни и си угодуваат
Љубителите на слатките сакаат да бидат забележани и ценети. Тие сакаат да се чувствуваат посебно, но кога и другите ги сметаат за посебни.
Тие сакаат добра забава, авантура и опасност. Тие се нафаќаат на ризици за кои многумина немаат храброст и нерви. Кон себе се попустливи, си угодуваат и сметаат дека за нив ништо не е премногу добро или премногу скапо.
Горчливо и кисело
Фановите на горчливиот вкус се претенциозни и често имаат аверзија кон киселата храна. Оние кои претпочитаат кисело се многу потолерантни на екстремни вкусови, подготвени да пробаат нова храна и да ги прошират хоризонтите.
Црвено за храбрите
Оние кои сакаат лути зачини – црвена пиперка, кари и чили, храбро преземаат одговорност да се борат за она што го сакаат и отворено да го кажат она што го мислат.
Пријателите сакаат лук
Фановите на лукот, празот или кромидот се лојални пријатели и силни поддржувачи на она во што веруваат.
Омилените сакаат рузмарин
Омилените во општеството додаваат кора од лимон, рузмарин и мајчина душица. Тие често се хумористични луѓе кои се полни со енергија.

Мирољубивите сакаат цимет
Фановите на магдонос и цимет се мирни и внимателни кон другите. Каде и да се наоѓаат добро ќе се вклопат.
Креативните луѓе сакаат јадкасти плодови
Оние кои сакаат да грицкаат ореви, лешници, бадеми и слично се мошне креативни во својата професија, на училиште или дома и не се плашат од промени.
Солено- слатка комбинација
Солениот чипс во комбинација со чоколадо го јадат осамените, оние кои ја чуваат приватноста. Љубителите на солено- слатка комбинација се интелигентни и креативни, но немаат трпение со луѓе.
Флексибилни
Страста за егзотични вкусови, од полжави до морски плодови, ја имаат флексибилните луѓе, оние кои се отворени за нови искуства. Мрзеливи се како и нивната храна.
Ослободување на немирот
Освежувачките мириси на цитрон, портокал, лимон и киви ги привлекува вознемирените. Желба за нив во потсвеста може да значи загриженост за здравјето.Исто како и вашата омилена боја, омилени филмови и музика, желба за солени чипсови, пиперки, кисел цитрус и вкусни колачи е тесно поврзан со личнос

Пронајдете не на следниве мрежи: