Поранешниот претседател на холандскиот прволигаш ПСВ, Роб Вестерхоф, откри дека Лионел Меси во 2005 година бил на чекор до преминување во редовите на екипата од Ајндховен, работата била стопирана од тогашниот тренер на Барселона, Франк Рајкард и неговиот помошник Хенк Тен Кат.
Меси една сезона порано дебитираше за Барса, но немаше Шпански пасош. Екипата имаше право само на тројца играчи вон Европската Унија, Барселона сакаше да го испрати во ПСВ.
„Имав добар однос со претседателот Хуан Лапорта кој ми кажа дека имаат одличен играч. Сакаше да го испрати во ПСВ кој тогаш имаше добра репутација. Наш тренер тогаш беше Гус Хидинк, го освоивме првенството и игравме во полу-финалето од Лигата на Шампионите“ открива Вестерхоф.
Работата пропаднала наводно поради тоа што се спротиставил Рајкард и неговиот помошник Хенк Тен Кат.
„Сите бевме за реализација на таа идеја, имав чувство како да Рајкард и Тен Кате не сакаат да Меси се пресели во Холандија“ изјави поранешниот претседател на ПСВ.Поранешниот претседател на холандскиот прволигаш ПСВ, Роб Вестерхоф, откри дека Лионел Меси во 2005 година