Птичји грип за прв пат се пренесе од човек на човек

Откако се појави птичјиот грип е вистински кошмар за здравјето на човекот.Птичјиот грип кој се пренесуваше од птица на човек, овој пат се пренесе и од човек на човек.
Првиот ваков случај е забележан во Кина. Лекарите предупредуваат дека не значи дека ќе дојде до глобална епидемија, туку дека мора да се внимава да не дојде до ширење.
Истражувањето објавено во „Бритиш медикал журнал„ се занимава со случај на семејна инфекција со Х7Н9 вирусот, кој беше забележан во Кина. Во извештајот стои дека вирусот бил пренесен директно од заразен пациент Кинез (60) на неговата ќерка.
Сепак, лекарите предупредуваат дека оваа способност на вирусот не значи дека ќе дојде до глобална епидемија на грип, туку дека мораме да бидеме внимателни. Според нив, вирусот се уште не може со леснотија да се пренесе од еден на друг човек, што значително ја намалува опасноста од пандемија.
Новиот вирус на птичји грип беше непознат додека не се појави во Кина и Тајван каде заразени се 133 лица, од кои 43 се починати. Мнозинството заразени биле на сточен пазар, а се разболеле во рок од седум до десет дена по контактот со животните.
Случајот со пренесување на вирусот од татко на ќерка послужи за анализа во која стои дека пациентот починал од престанување на неговите органи со работа, само четири дена откако бил примен во болница. Тој се заразил на пазар, но неговата ќерка не била во контакт со животни, од што може да се заклучи дека вирусот го добила од таткото. Шест дена по нивната последна средба започнале кај неа да се развиваат симптоми на грип.
Починала од истите последици како и нејзиниот татко.
Докторите се убедени дека дошло до пренесување на вирусот од човек на човек, затоа што примероците земени од двете тела генетски се речиси идентични.Птичјиот грип кој се пренесуваше од птица на човек, овој пат се пренесе и од човек на човек.
Првиот ваков случај е забележан во Кина. Лекар

Пронајдете не на следниве мрежи: