На завршната церемонија на европскиот креативен фестивал Евробест 2014 кој се одржа во Хелсинки, Финска, Публицис Македонија се закити со уште една награда за проектотAlzheimer’s News Editors работена за Националниот институт за неврологија. На фестивалот агенциите се натпреваруваа со најкреативните проекти во вкупно 15 категории, а Публицис Македонија ја освои бронзата во категоријата Медиа.„ Ова е навистина успешна година за нас имајќи во предвид дека ова е четврта награда по ред во оваа година. Пред само 2 месеци нашиот труд беше награден и на интернационалниот фестивал Голден Драм, каде освоивме злато и сребро, како и сребро на престижните Euro Effie награди во Брисел за регионалната кампања за Аргета. Горда сум и благодарна но мојот тим со кој успеавме на вистински начин да ја канализираме креативната енергија создавајќи еден ваков проект кој предизвика внимание кај нашите колеги на фестивалите. Би сакала да им се заблагодарам и на нашите клиенти без чија поддршка и доверба не би ги имале овие награди. Среќни сме и ова ќе биде мотивација за нас следната година да реализираме уште повпечатливи проекти“, изјави Александра Дилевска, извршен директор на Публицис Македонија.
Евробест фестивалот е организиран од компанијата Lions Festivals, која секоја година го организира и најголемиот светски фестивал на креативноста Cannes Lions. Претходните три години, фестивалот се оддржуваше во Лисабон, а преходни домаќини биле и Хамбург,Амстердам и Стокхлом. Овогодинешните победници може да се видат на следниов ЛИНК„ Ова е навистина успешна година за нас имајќи во предвид дека ова е четврта награда по ред во оваа година. Пред само 2 месеци нашиот труд бе