Турските сили за безбедност ја завршија операцијата против пучистите во седиштето на Генералштабот на турската армија во Анкара, јави турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк.Фракција во вооружените сили се обиде да ја собори синоќа турската Влада со помош на тенкови и хеликоптери. Обидот беше осуетен, откако претседателот Реџеп Таип Ердоган ги повика неговите поддржувачи да излезат на улиците за да ја поддржат демократијата.
Турската државна агенција Анадолија соопшти дека сите војници, во Генералштабот во Анкара, кои биле вмешани во обидот за преврат, се уапсени.
Полицајци од силите за борба против тероризмот извршуваат детален претрес на седиштето.
„Хуриет“ објави дека некои од уапсените војници изјавувале дека не знаеле дека се дел од обид за воен удар и оти командатите им кажале дека учествуваат во воена вежба.Фракција во вооружените сили се обиде да ја собори синоќа турската Влада со помош на тенкови и хеликоптери. Обидот беше осуетен, откако претседател