Пујол: Голем навивач сум на Милан, ќе биде тешко…

Капитенот на екипата на Барселона изјави дека ќе биде мошне тежок дуелот со Милан во рамките од 1/8 од Лигата на Шампионите.
Карлес Пујол, вели дека Милан е мошне квалитетна екипа со квалитетни играчи кои не-случајно играат за овој голем тим.
„Сите знаете дека освен Барселона која е мојот живот, навивам за Милан. Секогаш ги пратам и им се восхитувам, тоа е голем тим“ вели Пујол.
„Сонував да меѓу „Росоњерите“ ја завршам својата кариера, но веќе е доцна“
Пујол го истакна квалитетот кој го поседуваат фудбалерите на Милан.
„Во соблекувалната веруваме дека ќе биде мошне тешко, Милан е голем тим, тие играчи да не беа талентирани немаше да го носат дресот на тој клуб. Ова не е куртоазија, навистина верувам дека не очекуваат два големи дуела“ вели Пујол.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
 Капитенот на екипата на Барселона изјави дека ќе биде мошне тежок дуелот со Милан во рамките од 1/8 од Лигата на Шампи

Пронајдете не на следниве мрежи: