На гробишта во Москва денеска беа убиени две лица во масовна тепачка и престрелка.Московската полиција соопшти дека во инцидентот на гробишта учествувале околу 400 луѓе. Во тек е акција за апсење, а досега се приведени 50 луѓе.
Според руски медиуми, најголем број учесници во тепачката биле мигранти вооружени со палки и метални шипки.
Тасс јавува дека судирот избил во близина на централниот влез на гробиштата Хованско и оти полицијата не можела да користи оружје. Шефот на московската полиција кој дојде на местото на инцидентот изјави дека „полицијата прави се за да се пронајдат сите учесници во инцидентот“.Московската полиција соопшти дека во инцидентот на гробишта учествувале околу 400 луѓе. Во тек е акција за апсење, а досега се приведени 50 луѓе.