Пукање на Илинденска во Скопје

Две момчиња на мотор пукале во возило кое претходно го оштетиле. За среќа во инцидентот нема повредени.Вчера во 16,10 часот на бул.„Илинден“, поточно во непосредна близина на Зоолошка градина, додека Д.М.(1991) од Скопје, се возел со патничко „Форд Фокус“, со неговата сопруга Е.М., малолетното дете, братот А.М. и другарот К.М., застанал на семафорите, при што во еден момент покрај возилото поминал скутер на кој се возеле две лица, при што со рачките од скутерот му го оштетиле десниот ретровизор.
Откако, А.М рекол да застанат, лицето со скутерот продолжило да се движи и се паркирало на автобуската постојка. Д.М го запрел возилото на околу 5 метри пред скутерот и на ретровизорот забележал како едно од лицата го отворило седиштето на скутерот, но кога сакал да излезе од возилото тогаш Е.М. и А.М почнале да викаат дека лицата имаат пиштол.
Д.М. го стартувал возилото, но во еден момент се слушнал удар во пределот на задната шофершајбна која се распрскала на парчиња.
Д.М. успеал да избега на бул.„Партизански Одреди“, каде забележал полициско возило, по што го пријавил случајот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.Вчера во 16,10 часот на бул.„Илинден“, поточно во непосредна близина на Зоолошка градина, додека Д.М.(1991) од Скопје, се возел со патн

Пронајдете не на следниве мрежи: