Четириестгодишен гостин И.А. во угостителски објект во Тетово испукал два куршуми и го повредил М.А. (35) од тетовското село Гајре, нанесувајќи му прострелна рана на левата потколеница.– Екипа на СВР-Тетово од разговор со очевидци на настанот информирана е дека вечерта во објектот имало организирано жива музика, и околу 00:20 часот во објектот женско лице почнало да крши чаши при што од страна на обезбедувањето на објектот биле преземени активности да ја отстранат надвор од објектот. Во тој момент И.А. станал од масата започнал расправија со обезбедувањето и физички ги нападнал, при што обезбедувањето го отстранило надвор од објектот, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Оттаму велат дека откако го исфрлиле, И.А. паднал на асфалт, извадил пиштол, се доближил до обезбедувањето и испукал еден куршум во воздух.
– Лицата од обезбедувањето се обиделе да го спречат во намерата но, тој испукал уште еден куршум нанесувајќи му прострелна рана на левата потколеница на М.А. кој бил пренесен во Медицинскиот Центар во Тетово, се вели во соопштението на МВР.
Тој по укажана лекарска помош е пуштен на домашно лекување.
Полициски службеници на лице место пронашле две чаури од испукани куршуми, и од И.А. е одземен пиштол модел „57 ТТ црвена застава“ калибар 7.62мм .
И.А. е приведен во СВР-Тетово и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.– Екипа на СВР-Тетово од разговор со очевидци на настанот информирана е дека вечерта во објектот имало организирано жива музика, и околу 00:2