Децата ќе ги обожаваат!Состојки:
За тесто
1 кг пченично брашно
4 дл масло
5 дл млеко
1 свеж квасец
1 лажица шеќер
2 лажици сол
Уште е потребно:
Околу 150 гр салама, 2 жолчки, сусам, ким
Припрема:
1. Во топло млеко ставете го квасецот и шеќерот, чекајте квасецот да се надигне па додадете брашно, сол и масло и замесете меко тесто.
2. Од тестото направете мали топчиња во големина на орев. Оставете ги 15-тина минути да се кренат.
3. Топчињата ги ставаме на маса и ги развлекуваме нагоре па надолу, неколку пати за убаво да се развлечат, тестото не се лепи и фино се развлекува. Потоа на левиот раб ставаме 2-3 траки салама и лесно роламе на десно (саламата исечете ја на тенки траки, 3-5 мм).
4. Ги ставаме во плех на хартија за печење, ги премачкуваме со жолчки, ставаме сусам или ким одозгора и ги ставаме да се печат во загреана рерна на 180 степени, печеме 20-тина минути, додека не поруменат, зависно од рерната.
5. Од овие состојки добивате околу 62 пури (стапчиња).
Состојки:
За тесто
1 кг пченично брашно
4 дл масло
5 дл млеко
1 свеж квасец
1 лажи