Резултатите од едно американско истражување покажуваат дека еден пушач својот работодавец го чини во просек годишно 4.600 евра повеќе од еден непушач.
Во зависност од секторот на дејност и позицијата која ја зазема лицето, сумата варира од 2.200 евра до на 7.730 евра, нагласуваат експертите од Универзитетот во државата Охајо, кои го спровеле истражувањето.
Се смета дека пушачите повеќе ги чинат работодавците поради паузата за пушење. За тие паузи работодавците губат годишно по 2.350 евра.
Единствена позитивна работа за работодавците во оваа ситуација е дека внесува помалку работни часови во пензискиот надомест за вработените, кои се пушачи, кои умираат помлади, отколку за вработените непушачи.
Во Америка пушачите претставуваат една петина од возрасното население. Се смета дека пушењето е одговорно за смртта на 443 илјади лица во САД секоја година.Резултатите од едно американско истражување покажуваат дека еден пушач својот работодавец го чини во просек годишно 4.