Научниците открија ген кои ги штити пушачите од Паркинсонова болест. Медицината неодамна откри дека чадот од цигарите го намалува ризикот од добивање на дегенеративни невролошки состојби, но гените одговорни за оваа функција остануваат мистерија.Американскиот генетичар, професорот Џефри Венс, од универзитетот Дјук во Северна Каролина, на Меѓународниот конгрес за генетика во Бризбејн изјави дека пронашол ген што може да ја објасни врската меѓу овие две работи.
Генот, познат како NOS2A, се наоѓа во секоја клетка на телото и одговорен е за работата на душникот.
Ако премногу се произведе, мозочните клетки можат да умрат, што доведува до невродегенеративни болести како Паркинсоновата и Алцхајмеровата болест. Професорот Венс и неговиот тим сфатиле дека иако секој го има овој ген, кај пушачите се чини дека се „превртува наопаку“, ограничувајќи ја смртта на клетките, а на крајот и болестите.
-Мислиме дека постои нешто во чадот од цигарите што ја држи содржината на NOS2A ниска, така што клетките не произведуваат азот моноксид, и така се намалува оштетувањето на клетките, изјавува Венс.
Истражувачот не беше сигурен зошто ова се случува, но вели дека тимот кој работи на оваа област на ДНК ќе се обиде подобро да ја сфати врската.
-Навистина е иронично нешто добро да излезе од пушењето, изјави Венс.
Во главниот фокус на неговиот проект било понатамошното разбирање на Паркинсоновата болест, чиј причинител е непознат. Тимот ги користи овие генетски информации за да се обиде да ја забави, па дури и да ја спречи болеста.Американскиот генетичар, професорот Џефри Венс, од универзитетот Дјук во Северна Каролина, на Меѓународниот конгрес за генетика во Бризбејн изјави