Научниците открија дека пушењето една кутија цигари дневно може да предизвика 150 штетни промени годишно во белите дробови на пушачите.Ова откритие е изведено од истражувањето за генетските мутаиции што пушењето ги предизвикува во различни органи.
Истражувањето доаѓа до заклучокот дека постои директна врска меѓу бројот на испушени цигари во текот на животот и бројот на мутации на ДНК и карциномот. Најголеми мутации се видени на белите дробови, но и на црниот дроб и на грлото. Имено, пушењето предизвикува и многу други видови на карцином, освен оној на белите дробови.
Пушењето е поврзано со најмалку 17 видови на рак, но научниците до сега не беа сигурни кои се механизмите што стојат зад голем број од нив. Еден од научниците објаснува зошто до сега било толку тешко да се објасни како пушењето го зголемува ризикот за добивање на рак во деловите на телото што не доаѓаат во директна врска со чадот.
„Имавме могу епидемиолошки докази што го поврзуваат пушењето со карцномот, но сега можеме да го утврдиме бројот на молекуларни промени во ДНК“, изјавува Људмил Александров од Националната Лабораторија Лос Аламос во САД.
Пронајдени се одредени молекуларни отпечатоци на оштетувањето на ДНК, наречени мутациски отпечатоци, во ДНК на пушачите, и научниците преброиле колку овие мутациски отпечатоци се наоѓале во различни тумори.
Откриено е дека во клетките на белите дробови пушењето кутија цигари дневно води до 150 мутации во секоја клетка секоја година. Секоја мутација е можна појдовна точка за „каскада на генетско оштетување“, што пак може да доведе до рак, изјавија научниците.Ова откритие е изведено од истражувањето за генетските мутаиции што пушењето ги предизвикува во различни органи.
Истражувањето доаѓа до зак