Градоначалникот Борис Георгиевски беше во посета на н.м Раштак каде присуствуваше на пуштање во употреба на водоснабдителниот систем кој е финансиран од Европската Унија во износ од 7,3 милиони денари, со кофинансирање на општина Гази Баба од 1,4 милиони денари. Комплетно е завршена високата зона во н.м Раштак и е обезбедена количина на вода од 120 м3 во секунда со нов резервоар, кој е функционален и употреблив, изјави градоначалникот Георгиевски.
Наредната година општина Гази Баба ќе продолжи со изградба на водоводна мрежа во ниската зона, во должина од 4 км за да може секое домаќинство во н.м Раштак да добие чиста вода за пиење. Комплетно е завршена високата зона во н.м Раштак и е обезбедена количина на вода од 120 м3 во секунда со нов резервоар, кој е функционален и употре