Македонскиот фудбалски шампион преку својата официјална веб страна ги обелодени цените за натпреварот со Стеауа.
Вардар ги пушти во продажба цените за мечот со Стеауа во рамките од второто квалификациско коло за Лигата на Шампионите.
Билетите ќе се продаваат по цена од 150 денари за Северната и Јужната трибина, додека пак цените за билетите на Западната и Источната трибина ќе гласат 100 денари.
Со овие цени, ФК Вардар очекува преполни трибини на „Филип Втори“ арената во Скопје, натпреварот се игра во понеделник со почеток од 20,45 часот.
Вардар има невозможна мисија, реално и објективно Стеауа со победата на домашен терен од 3-0 е веќе со една нога во третото квалификациско коло во Лигата на Шампионите.
Фото/Извор: fkvardar.mkМакедонскиот фудбалски шампион преку својата официјална веб страна ги обелодени цените за натпреварот со Стеауа.