Путин: „Ако има проблеми во Сочи, ќе ги уништиме и запалиме Катар и Саудиска Арабија“

Путин: „Јас нема да дадам никаква шанса на терористите. Нашиот одговор наскоро ќе ја измени картата на Блискиот исток“.„Ако ги одржите Олимписките игри во Сочи, вие од нас ќе добиете подарок… вие и сите туристи кои ќе дојдат на нив“. Тоа се зборовите од веќе добро познатата порака од кавкаските исламисти, неодамна упатена на рускиот претседател Владимир Путин, а и на руската и светска јавност.
Истата порака е пратена во контекст на неодамнешните бомбашки терористички акции во Волгоград и рускиот дел на Кавказ. Меѓутоа, се што се случува зад кулисите на јавната меѓународна политика, кога се во прашање блискоисточните и средноазиските проблеми, за нашата јавност останува непознато, а многу работи се случуваат. Да почнеме по ред.

Московскиот состанок на саудискиот главен оперативец со Путин
Саудискиот принц Бандар бин Султан, од неодамна шеф на разузнавачките и безбедносни служби на Саудиска Арабија, во текот на месец јули 2013 година бил во службена посета во Москва каде разговарал со највисоките руски државници, како и со самиот Путин.
Саудискиот принц претходно 20 години бил амбасадор на Државата Вашингтон, па поради блиски врски со семејството Буш и неоконзервативците бил наречен Бандар „Буш“. Тоа е личноста која во 2012 година отворено ја призна својата водечка улога во формирањето и поддршката на исламските вооружени групи „Џабхат ан-Нусра“, која го претставува еден од главните противници на режимот на Асад во Сирија. Тој е исто така главниот гарант на политичка, финансиска и логистичка поддршка на исламските сунитски настани на Кавказот од страна на Саудиска Арабија, што е потврдено со факти и документи.
Во наведениот московски состанок, саудискиот главен оперативец ја понуди својата помош на Путин, на начин што ќе го искористи своето влијание врз исламистите во рускиот дел на Кавказ, кои се „оправдано лути на позицијата на Москва во сирискиот конфликт“. Со други зборови, ако Москва не ја смени својата позиција кон Сирија, принцот Бандар ќе го искористи своето влијание со уништување на Олимпијадата од исламскиот тероризам.
На таков начин, под притисок и уцена, Путин не дозволува да се зборува, особено не на свој терен. Така, разговорите завршија неславно, а саудиската делегација била речиси избркана од Москва.

Состојбата станала се посложена
Скоро веднаш по истиот состанок, се појави првата видео снимка во која водичот на чеченските исламисти Доку Умаров се заканува на руските власти дека ќе го попречи одржувањето на олимпијадата, а две недели подоцна доаѓа и до првиот терористички напад во автобус на црноморскиот град Краснодар, каде загинале неколку лица. Крајот на декември минатата година доаѓа и до два големи напади во Волгоград каде загинуваат 32, а ранети се 102 лица.
Во контекст на тие последни напади, Владимир Путин на саудиските власти јавно им изрекол порака која гласи: „Јас нема да дадам никаква шанса на терористите. Нашиот одговор наскоро ќе ја измени картата на Блискиот исток. Тоа е моето ветување на рускиот народ. Според нашите сознанија, една од терористичките акции е дело на групата која во Сирија ја поддржува Саудиска Арабија“.
Путин се закани со жестоки мерки на раководството на Саудиска Арабија и го повика Советот за безбедност на ОН да ја стави таа држава на списокот на покровители на меѓународниот тероризам.
Според достапните информации, неодамнешната посета на највисоката делегација од Катарските Емирати во Москва заврши со вистински дебакл. Неизмерно богатиот Катар, кој го претставува најголемиот финансиски спонзор на сириските бунтовници (Саудиска Арабија е нивната најголема логистичка база во смисла на регрутирање борци и вооружување), во Москва дошле по налог на Саудијците, каде што на Русите повторно им го понудиле речиси истото што минатото лето им го понуди саудискиот принц, а тоа е преку своето влијание да ги смират кавкаските исламисти.

Кога слушнал за тоа Путин побеснел, изрекувајќи доследно дека Русија, ако има проблеми на Олимписките игри во Сочи, во полна смисла на зборот ќе го изгори целиот Катар освен цивилите во градовите и со ракети ќе ја уништи целата нафта и другите енергетски и индустриски објекти. При тоа на емирот во Катар му порача да не очекува дека поради тоа ќе избие трета светска војна.
Како што е евидентно од горенаведеното, ситуацијата на меѓународната политичка сцена е мошне комплицирана, а дијалозите зад затворени врати помеѓу главните виновници на одредени настани не се воопшто нежни.
Случувањата во Украина и нивниот тајминг, исто така, не може да се гледа во изолација од најголемите глобални турбуленции.
Останува фактот дека глобализацијата, колку и да тежи кон исчезнувањето или миноризирањето на помалите народи во корист на некаков вид интернационализам од граѓански тип, на терен пременува во својата спротивност. Ширум светот, а за нас многу поважно и во Европа, има пораст на национализмот. Тоа нужно не мора да претставува закана во форма на агресивно однесување на некои земји кон нивните соседи, туку прашање на инстинктивна дефанзивна реакција на самите нации пред различни социјални експерименти кои им се наметнуваат како готови решенија, а за тоа никој не ги прашува. „Ако ги одржите Олимписките игри во Сочи, вие од нас ќе добиете подарок… вие и сите туристи кои ќе дојдат на нив“. Тоа се зборовите о

Пронајдете не на следниве мрежи: