Путин до Русите: Имајте повеќе деца

Патријархот Кирил во Моква претседавал на Меѓународниот форум „Многудетните семејства и иднината на човечкиот род“ во рамки на сојузната руска програма Светоста на мајчинството, во рамки на кој е одржан форумот. Путин на отварањето изјави: Многудетното семејство во Русија треба да стане норма. „Убеден сум дека треба да се направи се за многудетните семејства да станат норма и да се здобијат со високо социјално признание“.
Ова го изјави Владимир Путин на отворањето на Меѓународниот форум
„Многудетните семејства и иднината на човечкиот род“, кое се одржа во Русија.Во Русија се штитат правата и интересите на семејството, се штити мајчинството и децата имаат приоритетна посветеност од страна на државата.

-Соработуваме со невладини, волонтерски организации, се ослонуваме на иницијативата и нерамнодушноста на самите граѓани, на историските, културните и духовните традиции на нашиот народ, изјави тој.
Како што велат од организациите, нивна најважна задача е да се одбрани начинот на живот на многудетните семејства и да се заштитат од предизвиците кои им ги носи денешнината.
На форумот се разговараше и за иницијативата во разни сфери во животот, како и смислување на разни социјални, економски, културни и духовно-морални услови за егзистирање на семејствата во модерниот свет.
„Убеден сум дека треба да се направи се за многудетните семејства да станат норма и да се здобијат со високо социјално признание“.

Пронајдете не на следниве мрежи: