Путин донесе клучна одлука: Русија започна воена интервенција во Сирија!

Русија започна воена интервенција во Сирија, со распоредувањето на борбени летала во базата од која ќе се покренат напади врз локациите на Исламската држава и побунениците.Руските пилоти со борбени авиони и хеликоптери наскоро ќе почнат да пристигнуваат во Сирија во наредните неколку денови, објави Ynet.
Според зборовите на западните дипломати, руска експедиција веќе пристигнала во Сирија и се сместила во воздушна база која е под контрола на силите на претседателот Башар ал Асад.
Базата се наоѓа во околината на Дамаск и ќе им служи на Русите како оперативна база.
Во наредните недели, илјадници припадници на рускиот воен персонал ќе пристигнат во Сирија, вклучувајќи и советници, инструктори, техничари и пилоти.
Во овој момент нема конкретни податоци за составот на контигентите, но Русија претходно има преговарано за продажба на повеќенаменски МИГ-ови 29 и напредни авиони за тренинг ЈАК-130, кои можат да служат и за борба.
Официјално, Русија нема офанзивни намери кон Израел и останатите држави, а главна цел на распоредувањето на леталата е задржување на Асад на власт и борба против Исламската држава.
Дипломатските извори тврдат дека Русија и Иран неодамна донесоа стратешка одлука дека ќе направат сѐ за да го спречат ширењето и инфилтрацијата на ИД и другите исламисти на подрачјето на поранешните советски републики со муслиманско мнозинство.
Американската администрација е свесна за руската намера директно да интервенира во Сирија, иако сѐ уште немаше никаква официјална реакција.
Се чини дека американската влада ги прифаќа дејствата на Русија и Иран како неопходна сила во кампањата против Исламската држава.Руските пилоти со борбени авиони и хеликоптери наскоро ќе почнат да пристигнуваат во Сирија во наредните неколку денови, објави Ynet.
Споре

Пронајдете не на следниве мрежи: