Путин е гневен: Русија жестоко ќе одговори на убиството на рускиот амбасадор!

Русија жестоко ќе одговори на терористичкиот чин ­ изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи.Русија жестоко ќе се бори против тероризмот. Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова во изјава за медиумите порача дека Москва ќе одговори на убиството на Рускиот амбасадор во Анкара, Андреј Карлов, кој беше убиен вечерва од турски полицаец. ­
-Русија го гледа нападот како акт на тероризам и ќе го покрене ова прашање на состанок на Советот за безбедност на ОН и веднаш почнуваме темелна борба против тероризмот ­- рече Захарова, соопштувајќи дека амбасадорот им подлегнал на 5те куршуми кои беа истрелани во неговиот грб.
За утре беше закажана средба на министрите за надворешни работи на Русија, Иран и Турција на која требаше да се разговара за ситуацијата во Алепо, Сирија.

Но, убиството на рускиот амбасадор во Анкара ги смени плановите, па сега Кремљ најавува силни анти­терористички акции. Напаѓачот, облечен во костим и вратоврска, се идентификувал себеси како полицаец при влезот во изложбата. Според руските медиуми, напаѓачот е мртов.
За време на нападот тој извикал „Алах Акбар” на арапски, пренесе АП цитирајќи го нивниот фотограф. По чинот, тој изговорил и дека ова се случува поради руската помош на акциите на сириската армија во Алепо.
Според првичните информации, човекот кој го уби рускиот амбасадот во Анкара стоел зад него, но засега е познато дека се работи за полицаецот Мерт Алтинас (22), а не се знае дали бил припадник на обезбедувањето или само се инфитрирал меѓу телохранителите на амбасадорот на Русија во Турција, Андреј Карлов.
Полицијата го ликвидирала напаѓачот.Русија жестоко ќе се бори против тероризмот. Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова во изјава за медиумите порача дека Москва ќе одговори на

Пронајдете не на следниве мрежи: