Путин го излажал Обама за своите планови

Белата куќа го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека излажал во телефонскиот разговор со американскиот претседател Барак Обама, кога најавил поддршка за договорот во УкраинаОбама и Путин досега двапати разговараа телефонски, по безредијата во Киев по кои побегна украинскиот претседател Виктор Јанукович. САД сега велат дека во првиот разговор, непосредно по падот на администрацијата на Јанукович, Путин не најавил дека подготвува распоредување на вооружени сили во Крим.
– Претседателот Путин рече дека го поддржува договорот кој беше постигнат во Украина. И рече дека сака да соработува со нас, со Европејците и со Меѓународниот монетарен фонд за да се создаде пакет за поддршка на Украина. Тоа беше многу позитивен разговор. Не знам дали не излажа или едноставно го сменил мислењето потоа, изјави Тони Блинкен, заменик советник за национална безбедност на Обама, кој вчера беше прашан за текот на комуникацијата на Обама и Путин.
И Белата куќа и Кремљ објавија малку информации за текот на овие разговори, и изјавата на Блинкен е првата која дава повеќе содржина за комуникацијата на највисоко ниво, и навестува дека претседателот Обама поверувал на ветувањето на Путин. Рускиот претставник не го потпиша договорот што беше потпишан во Киев меѓу Јанукович и раководството на опозицијата, и кој предвидуваше создавање на нова техничка Влада и уставни реформи.

 
Но, бегството на Јанукович во Русија и подоцнежното распоредување на руски сили во областа Крим го загрозија постигнатиот договор. Белата куќа и Стејт департментот вчера одбија да коментираат за телефонскиот разговор на Путин и германската канцеларка Ангела Меркел, по кој весникот Њујорк тајмс објави дека Меркел, наводно, изјавила дека Путин загубил контакт со реалноста.
Според весникот Билт, Меркел била гневна по разговорот со Путин, во текот на кој инсистирала дека руските чекори претставуваат инвазија врз Украина.
Прва следна комуникација меѓу САД и Русија се очекува да биде средбата на државниот секретар Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, на чие организирање работат САД.
Се очекува средбата да биде во форматот на земјите потписници на договорот од Будимпешта од 1994 година, кога САД, Русија и Британија потпишале договор со кој и го гарантираат интегритетот на Украина во замена за нејзино откажување од нуклеарното оружје кое го имала како поранешна советска република.
Средбата Кери – Лавров веројатно ќе се одржи во Париз, доколку во меѓувреме не дојде до влошување на состојбата во Украина, каде Кери престојува денес.
Извор: ЛокалноОбама и Путин досега двапати разговараа телефонски, по безредијата во Киев по кои побегна украинскиот претседател Виктор Јанукович. САД сега велат

Пронајдете не на следниве мрежи: