Рускиот премиер Владимир Путин му наложи во петокот на министерот за вонредни ситуации Владимир Пушков итно да им пружи помош на настраданите во дождот од метеорит, што го погоди подрачјето на Урал.Истовремено рускиот премиер Дмитриј Медведев истакна дека овој инцидент покажува дека целата планета е подложна на вакви појави и дека е потребен систем за заштита на планетата од слични случувања во иднината.Во дождот од метеори, кој погоди најмалку три руски региони, најмногу страдаше Чељабинск. Повредени се над 500 луѓе, од кои 112 се хоспитализирани. Воглавно се работи за исеченици од парчиња од скршено стакло.Стаклата на прозорците на околу 300 згради во Чељабинск се искршени.„Медицинска помош побараа вкупно 514 лица, од кои 82 деца. Хоспитализирани се 112 повредени, изјави претставник на министерството за вонредни ситуации.Податоците за бројот на повредени постојано растот, а според некои претпоставки тој би можел да надмине 700.Претседателот Путин изразил загриженост поради состојбата во Чељабинск и призна дека не е воспоставен ефикасен систем за надзор.„Треба да се стори се како објективно би се проценила штетата, а пред се без одлагање да им се помогне на луѓето“, рече Путин на состанокот со министерот Пучков.
МакфаксРускиот премиер Владимир Путин му наложи во петокот на министерот за вонредни ситуации Владимир Пушков итно да и