Путин ЈА ОТКРИ ЦЕНАТА на руската операција во Сирија

Присуството на руските Воздушно-космички сили во Сирија го чинеше буџетот на Русија 33 милијарди рубли.Операцијата во Сирија го чинеше буџетот на Министерството за одбрана на РФ 33 милијарди рубли (464 милиони долари), изјави во четвртокот, 17 март, рускиот претседател Владимир Путин. Првично овие средства беа издвоени под ставката реализација на воени вежби и за борбена обука, но „ние едноставно ги пренасочивме овие ресурси за потребите на групата во Сирија“, објасни претседателот Путин. „Подобро е да се расходува ресурс во борба отколку на полигон“, додаде тој.
Претходно претседателот повеќепати изјави дека присуството на Воздушно-космичките сили РФ во Сирија „не бара огромни расходи за буџетот“ и подобри воени вежби од оваа операција „тешко може да се замислат“. 
Руската операција во Сирија траеше 167 дена. 
Извор: Руска речОперацијата во Сирија го чинеше буџетот на Министерството за одбрана на РФ 33 милијарди рубли (464 милиони долари), изјави во четвртокот, 17 март,

Пронајдете не на следниве мрежи: