Путин како нов Милошевиќ? Југословенското сценарио може да доведе до нова граѓанска војна!

Украина во неделата објавила дека десет војни бродови на украинските морнарици не исполовиле од кримското пристаниште во Севастопол туку останале во Киев.Пред тоа Украина објавила дека ја повлекла својата обална стража од Севастопол и уште едно пристаниште и ги преместила во други црноморски пристаништа.
Уредникот на европа британскиот Гуардијан Иан Трајнор верува дека се возможни само две сценарија во Украина: грузијски и југословенски.
Најбезболно е Путин да изведе упад на Крим како во Грузија, за една недела да создаде нови факти на теренот, да ја ограничи кампањата на преземање контрола над Кримскиот полуостров со поголем дел руско население, и потоа да преговара и диктира услови од силна позиција наспроти слабата и неискусна нова влада во Киев.

Но, Целта на Путин  би можела економски да ја уништи Украина до точка каде веќе не може да функционира како самостојна држава. Потоа би го проширил своето влијание над Крим на источна Украина, игнорирајќи ја новата Украинска Влада и би ја поделил земјата на два дела, што сигурно би довело до граѓанска војна.

Уште во почетните фази, видливи се тактиките и методите со кои се служел Слободан Милошевиќ во војните на подрачјето на бивша Југославија( иако на крај сите ги изгубил). Ако Путин одлучи да биде следниот Милошевиќ, западот беспомошно ќе ја гледа новата поделба на Европа.
Тој изјавил дека западните сили покажуваат „слаб апетит“ за сериозно мешање во ситуацијата на Крим „надвор од дипломатските мерки“.Пред тоа Украина објавила дека ја повлекла својата обална стража од Севастопол и уште едно пристаниште и ги преместила во други црноморски пристани

Пронајдете не на следниве мрежи: