Путин: Не може да се менува историјата поради политиката

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека е невозможно истроријата да се преобликува за да и се прилагоди на моменталната политичка ситуација.-Нема да успеат оние кои инсистираат да се измени историјата заради сегашната политичка ситуација, без разлика колку и да се трудат, вклучувајќи го и користењето на методите како што е величење на нацизмот. Невозможно е да се преобликува историјата заради политичката ситуација – рече Путин, а пренесеТАСС.
Иако, секако, нагласи тој, извесна штета може да се предизвика со таквите акции. Најголемата опасност е да почне да расте чувството на страв заради екстремното изразување и неговата најлоша форма  – нацизмот.
Путин истакна дека најдобар начин да се сочува историјата е да се разговара со ветераните, да се слушнат нивните приказни и да се погледаат доказите за тоа што навистина се случило во Втората светска војна.
Рускиот претседател денеска положи цвеќе на споменикот на советските војници на гробиштата во селото Марфино, во областа Голем Новгород, на северозапад од Русија.
На овие гробишта се погребани речиси сите 4.185 советски војници од 43. летонска дивизија, кои настрадаа во една борба против германските војници во Втората светска војна.-Нема да успеат оние кои инсистираат да се измени историјата заради сегашната политичка ситуација, без разлика колку и да се трудат, вклучувајќи го

Пронајдете не на следниве мрежи: