Путин: Нуклеарните сили ќе бидат опремени со нови оружја

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија ќе продолжи да го развива одбранбениот потенцијал на земјата и најави дека стратешките нуклеарни сили ќе бидат опремени со ново оружје.– Сите видови војска ќе ги снабдиме со опрема и оружје од најнова генерација. Првенствено нуклеарните сили, истакна Путин.
Тој додаде дека до 2020 година армијата над 60 проценти ќе биде опремена со модерно оружје, а во поединечни случаи и до 90 отсто.
– Денешната ситуација бара посебни услови на работа, посебно кога станува збор за оперативни информавии за ситуацијата во нестабилните зони на Блискиот Исток и во Африка, како и во поединечни делови на Азија, наведе Путин.
Тој оцени дека е неопходно да се продолжи со усовршување на стратегијата и тактиката во борбата против тероризмот.
Путин истакна и дека Федералната безбедносна служба (ФСБ) добро ја извршува својата работа, посебно кога станува збор за контраразузнавачките работи, борбата против корупцијата и заштита на клучните инфраструктурни објекти.– Сите видови војска ќе ги снабдиме со опрема и оружје од најнова генерација. Првенствено нуклеарните сили, истакна Путин.
Тој додаде

Пронајдете не на следниве мрежи: