ПУТИН: Oбјавете ја мапата на светот и означете ги сите американски бази, разликата ќе биде повеќе од очигледна!

Претседателот Владимир Путин изјави дека Русија не ги зголемува воените капацитети надвор од своите граници, туку само одговара на заканите од страна на САД и НАТО.  Тој во интервју за италијанскиот весник ,,Коријере дела Сера” наведува дека не треба да се зема за сериозно на шпекулацијата што Запад ја шири за ,,некаква руска агресија“ .
Путин додава дека глобален воен конфликт е незамислив во модерниот свет.
“Само будала и само во сон може да се замисли дека Русија може изненадно да го нападне НАТО. Мислам дека поединци го користат стравот на народот од Русија“ истакнува Путин.
Според Путин САД сакаат да имаат некоја надворешна закана за да го задржат лидерското место во атланската заедница
Рускиот лидер ги повика новинарите да го споредат глобалното воено присуство на Русија и на САД, односно , НАТО како и да ја погледнат руската воена политика која не е глобална, нападна ниту агресивна.
Според него постојат мали контингенти на руската војска во Таџикистан, на границата со Авганистан,но тие се таму за да спречат упад од страна на  исламистичките терористи, што е случај и во Киргистан, каде руската авијација има база, но поради барање од страна на властите во  Киргистан.
“Во суштина , Русија  работи на тоа да го намали своето воено присуство надвор од своите граници, додека САД работи обратно. Ние ги укинавме своите бази во  Куба,  Вијетнам… За разлика од нас Ве повикувам да  ја објавите во сите медиуми мапата на светот и да ги означите сите американски бази. Тогаш ќе ја видите разликата“- истакнува Путин.Тој во интервју за италијанскиот весник ,,Коријере дела Сера” наведува дека не треба да се зема за сериозно на шпекулацијата што Запад ја шир

Пронајдете не на следниве мрежи: