„Русија не претставува закана за Аргентина“, ова го изјави претседателката на Аргентина, Кристина Кирхнер, по средбата со рускиот претседател Владимир Путин.„Нема причина зошто Русија и Аргентина не би имале добар билатерален однос. Не ја сметаме Русија за закана“, рекла аргентинската претседателка.
Рускиот претседател Владимир Путин и аргентинската колешка Кристина Фернандез де Кирхнер на средбата договориле создавање стратешко партнерство меѓу двете земји.
Тие во Кремљ потпишале повеќе рамковни спогодби за соработка во економијата,како и за енергетска соработка.Со меморандумот за соработка во одбраната, треба Русија да ја прошири својата воена соработка со Аргентина.
Русија ќе ја финансира изградбата на новата хидроцентрала на аргентинската река Неуквеи, а руската компанија под државна контрола „Русатом“, ќе го гради новиот, трет нуклеарен реактор за атомската централа „Атуча„ во Аргентина.
Имено, ова е прв пат Путин јавно да ѝ даде поддршка на аргентинската страна во нејзините настојувања да добие суверенитет врз Фокландите, што во Аргентина се нарекуваат Малвински Острови, за кои Кирхнер и нејзината влада тврдат дека се дел од аргентинската територија.
„Нема причина зошто Русија и Аргентина не би имале добар билатерален однос. Не ја сметаме Русија за закана“, рекла аргентинската претсе