Рускиот претседател Владимир Путин од Министерството за одбрана на Русија и од Федералната служба за безбедност побара да ги заштитат националните интереси на Русија на Арктикот.-Министерството за одбрана, Федералната служба за безбедност и нејзините гранични единици треба да ги реализираат своите планови за обезбедување на националните интереси во поглед на одбранбената способност на земјата, но и да ги заштитат нашите интереси на Арктикот и нормалното функционирање на Северниот морски пат, рече Путин на состанокот за развојот на Арктикот.
Тој, исто така, нагласи дека е неопходно во целост да се искористат можностите за меѓународна соработка на Арктикот.
– Многу е голем интересот за работа со нас и неа секако треба да ја засилиме со реални заеднички проекти, рече Путин, пренесе Спутник.
„Ќе ја замолам самата Влада на Русија да го забрза завршувањето на новото издание на државната програма на општествено-економскиот развој на арктичкиот регион“, наведе Путин.-Министерството за одбрана, Федералната служба за безбедност и нејзините гранични единици треба да ги реализираат своите планови за обезбедување на