ПУТИН ПРЕДУПРЕДИ: Овој грозоморен акт на ТУРЦИЈА нема да помине НЕКАЗНЕТО!

Турција и заби нож во грб на Русија со соборувањето на Рускиот воен авион и се однесува како соработник на терористите, изјави Рускиот претседател Владимир Путин.
 Турција и заби нож во грб на Русија со соборувањето на Рускиот воен авион и се однесува како соработник на терористите, изјави Рускиот претседател Владимир Путин.
“Овој инцидент отскокнува од вообичаената борба против тероризмот. Нашите трупи се борат херојски против терористите, ризикувајќи ги нивните животи. Но, загубата која ја доживеавме денеска дојде како нож во грбот од страна на соработници на терористите” – изјави Путин.
Путин рекол дека авионот бил соборен од страна на Турски воен авион додека бил на висина од 6.000 метри и околу еден километар од Турската граница. Бил погоден со ракета воздух-воздух лансирана од Турски Ф-16 ловец. Местото на падот е на четири километри од границата. Авионот не бил никаква закана кон Турската национална безбедност, потенцира Путин.
Тој објасни дека авионот целел кон терористи во Латакија, терористи кои биле дојдени од Русија да се борат во Сирија.
Русија забележува дека текот на нафтата од Сириска територија под контрола на терористите патува кон Турција, додава Путин.
Очигледно, ИСИС не добива пари само од шверц со нафта, но исто така добива и заштита од цела национална армија, рекол Путин. Ова може и да го објасни фактот зошто терористите се толку храбри при преземањето на терористички активности низ светот, потенцирал претседателот.
Овој инцидент ќе има елиминирачки консеквенци за Руско-Турските релации, предупреди Путин.
Фактот што Турција не се обиде да ја контактира Русија веднаш по инцидентот, и избрза да се јави кај НАТО за да свика состанок е загрижувачки. Изгледа како НАТО да сака да слугува на интересите на ИСИС – вели Путин.
Путин изјавил дека Русија ги почитува регионалните интереси на останатите држави, но предупреди дека овој грозоморен акт на Турција нема да помине неказнето.Турција и заби нож во грб на Русија со соборувањето на Рускиот воен авион и се однесува како соработник на терористите, изјави Рускиот претседател

Пронајдете не на следниве мрежи: