ПУТИН ПРЕДУПРЕДИ: Западот подготвува „Балканска војна“- Прва на ред е Република Српска, Македонија па Србија!

Западните моќници, потпомогнати од политичките сојузници од ЕУ и САД подготвуваат нова „Балканска војна“, предупредуваат Русите. Според нивните сознанија, кои се поклопуваат со доверливите податоци на Безбедносните информативни агенци, Западот оваа пролет подготвува серија на насилни протести во нашиот регион, најпрво во Бања Лука, потоа во Скопје, па на крај во Белград!
Странски фактори
Руската служба  предупредува дека првата голема опасност од спојот на режираните крвави судири се заканува уште во сабота на 14 ти мај во Бања Лука, каде за тој ден се закажани митинг и контрамитинг. А ова е само дел од опасните планови да се покрене „спирално насилство“ на Балканот. Идејата на Западот, велат русите е да покажат дека властите во Србија, РС, Македонија па и во другите земји на регионот се слаби, односно дека им е потребна „странска помош“?!
А исто така многу им пречи и влијанието кое го има Москва на Балканот.
-ЕУ и САД сакат да предизвикаат судир и на тој начин да дојдат како големи спасувачи. Тоа има и меѓународни димензии, затоа што тие едноставно сакаат да ја истераат Русија од Балканот.
Од друга страна во Македонија упорно странците ги бојкотираат изборите. Скопје и неколку други градови во Македонија веќе со недели се соочени со протести на здружението „Проетестирам“ а здружението бара оставка на Иванов и одложување на изборите. Барањата одат така далеку што опозицијата по наредба на странците одлучи да ги бојкотира „нефер изборите“. А како што е соопштено на изборите ќе учествува само владејачката ВМРО-ДПМНЕ, додека СДСМ, ДУИ и ДПА не ги предале листите- пишува Informer.rs.
Од српското МНР велат дека нема да дозволат екстремисти и криминалци од Србија да одат во сабота во Бања Лука.
-Важно е и РС да не дозволи екстремистички групи да делуваат таму. Постои некој кој не сака стабилност на Балканот.
А пак нестабилноста во РС им одговара на Сараево, САД и Велика Британија.
Аналитичарите велат дека тоа што се подготвува е сценариото  на „обоената револуција“.
Секако во сенка стои странскиот фактор кој сака политичките односи на Балканот да се решаваат на улиците. Во моментов најризично е во БиХ затоа што има проблем со етничката поделба. Затоа постои многу голем и сериозен ризик во поигрување и наметнување на решението. Според нивните сознанија, кои се поклопуваат со доверливите податоци на Безбедносните информативни агенци, Западот оваа пролет подготвува серија на

Пронајдете не на следниве мрежи: