Претседателот на Русија, Владимир Путин предупреди дека и понатаму постои можност за извршување терористички напади во Русија и обиди терористите од Северен Кавказ да се пренесат на другите региониСитуацијата и понатаму е мошне сложена. Теористичката илегала без оглед на сериозните загуби и понатаму има можност за извршување терористички акти против цивилното население – рекол Путин на заседанието на колегиумот на Федералните служби за безбедност, наведувајќи го како пример терористичкиот напад во Волгоград кон крајот на минатата година – пренесе ИТАР -ТАСС.
Според зборовите на Путин, екстремистичките радикални групации се обидуваат да го активираат своето дејствување не само на Северен Кавказ туку и да го пренесат во другите региони на Русија, како: Поволожје, Централна Русија и настојуваат да испровоцираат меѓунационални и верски судири и водат агресивна пропаганда меѓи младината.
Тој предупреди дека терористите користат најсовремени информациски сретства и технологија, вклучувајќи ги и интернетот и социјалните мрежи.Ситуацијата и понатаму е мошне сложена. Теористичката илегала без оглед на сериозните загуби и понатаму има можност за извршување терористички акти