Путин: „САД го уништуваат светот!“

Рускиот претседател Владимир Путин ги обвини во петокот САД дека светот поради нив станува поопасен и понебезбеден бидејќи во меѓународната дипломатија вовеле „унилатерален диктат“, и истовремено ја демантираше тезата дека Русија сака да изгради ново царство.„Тврдењата дека Русија се обидува да врати некакво царство, дека го загрозува суверенитетот на соседите – се неосновани“, изјави Путин во својот говор во одморалиштето во близина на црноморскиот град Сочи пред групата домашни и странски политички аналитичари и експерти собрани на годишниот состанок на Клубот Валдаи.
Путин, исто така, истакна дека Русија нема никакви намери ниту да се врати на тоталитарниот пат на развојот, бидејќи тоа го оцени како ќорсокак.
„Треба да промениме многу работи во нашите животи, полека го правиме тоа, но не преку револуција. Нив доволно ги имаше во ХХ век, се потрошија, туку преку еволуција… Ние немаме желба да се вратиме во тоталитарното минато, и не затоа што се плашиме, бидејќи, јас сум длабоко убеден, тоа е ќорсокак на патот на развојот за руското општество“, рече Путин на завршната пленарна сесија на XI седница на Меѓународниот дебатен Клуб „Валдаи“, невладина организација.
Руските медиуми оценуваат дека Путин упатил остра критика на сметка на САД и нивните сојузници кои ги обвини за „уривање на постојниот систем“ на меѓународната безбедност. Притоа, како главна задача во меѓународната политика рускиот претседател смета дека треба да биде изградбата на нов систем кој ќе се базира „на глобален консензус“ и нема да овозможува разгорување на нови конфликти.
Го предупреди Вашингтон, кој според Путин, верувајќи дека излегол како победник од Студената војна сака „да го преуреди целиот свет“ во согласност со сопствените интереси, како и дека расте опасноста од меѓународни судири. „Ние не почнавме први“, порача Путин. Додаде дека наместо да се воспостави нова рамнотежа на моќта, што според него е неопходен услов за ред и стабилност, напротив САД преземаат чекори кои придонесуваат за остро влошување на таа рамнотежа.
Притоа Путин ги според САД со новопечени богаташи кои ненадејно стекнале огромно богатство – глобалното лидерство. „И наместо разборито и внимателно да располагаат со тоа, вклучително и во своја позла – едноставно натрупуваат глупости“, рече рускиот претседател.
Вашингтон, всушност, ја става легитимноста на владите на другите земји во зависност од нивната лојалност кон него, рече Путин и ја критикуваше тезата за ексклузивната улога на САД во светот. „Едностраниот диктат и наметнувањето на својот модел предизвика спротивни ефекти. Наместо решавање на конфликтите – ескалација, наместо суверени стабилни држави – поголем хаотичен простор, наместо демократија – поддршка од сомнителна јавност, од отворени неонацисти до исламски радикали“, рече.„Тврдењата дека Русија се обидува да врати некакво царство, дека го загрозува суверенитетот на соседите – се неосновани“, изјави

Пронајдете не на следниве мрежи: