Путин: САД со своите воени трупи на сила одлучуваат за судбината на другите народи

Русија и понатаму е подготвена за дијалог со САД, што е најдобар начин да се постигне взаемно разбирање, порача рускиот претседател Владимир Путин.„Нема причина да верувам дека американскиот претседател не сака да разговара со рускиот претседател, но на крајот на краиштата, тој ја има слободата да постапи така“, изјави Путин во интервјуто за француските медиуми.
Путин укажа на агресивните акции на Вашингтон во меѓународната арена. Не е тајна, наведува тој, дека САД со години ја спроведуваат „најагресивната, најригидната политика со цел да ги заштитат сопствените интереси.“
„Ние едвај имаме било какви трупи во другите земји, додека САД имаат трупи насекаде, имаат воени бази ширум светот и насекаде учествуваат при одлучувањето за судбината на другите народи, иако се илјадници километри оддалечени од нивните граници“, констатираше Путин.
Како што е најавено, рускиот претседател утре ќе го прими францускиот шеф на државата Франсоа Оланд, во Елисејската палата, а во петок – заедно со другите светски лидери, ќе присуствува на обележувањето на 70. годишнина од Денот Д, наведуваат француските медиуми.„Нема причина да верувам дека американскиот претседател не сака да разговара со рускиот претседател, но на крајот на краиштата, тој ја има сл

Пронајдете не на следниве мрежи: