Рускиот претседател Владимир Путин бара начин на кој руската национална кујна би успеала да произведе храна со подобар квалитет и пониски цени од конкурентите, меѓу кои се наоѓа и Мекдоналдс. Тој верува дека може да успее во тоа.Претседателот на Русија ги повика руските региони да го развиваат руското производство врз основа на најдобрите примери од националната кујна.
Имено, Путин реагирал на изјавата на претседателот на собранието на Република Северна Осетија, Аланиј Алексеј Мачнев, дека „осетскиот пирог е силна конкуренција на производите на Мекдоналдс и италијанската пица“.
Путин призна дека неколку пати ги има пробано осетските пироги.
„Секако дека ми се допаднаа, па повторно ги пробав…И не само осетските пироги, ние имаме вкусна и разнолика кујна во Северен Кавказ, во Поволожје“- укажа рускиот претседател и го спомна јадењето кое се прави од тесто чак-чак, како и татарските бељаши и карелските калитки.
Во обраќањето кон законодавците, Путин додаде дека развојот на ситуацијата многу зависи од нив.
-Треба да се создадат услови. Вие можете на регионално и општинско ниво да создавате поволни услови за развој на малите и средните бизниси, давајќи одредени повластици и олеснувања, укажа претседателот на Русија. Тие поволности и вредната работа можат да водат кон успех.
Според неговите зборови, таквиот поттик за експонирање на националната кујна од руските региони може да биде многу добра работа.Претседателот на Русија ги повика руските региони да го развиваат руското производство врз основа на најдобрите примери од националната кујна.