Шест важни моменти за документите на Путин од службата Штази кои неодамна беа најдени во Германија

Какво значење има ова наоѓање? Зошто недостасува еден печат? Зошто Путин на фотографијата гледа настрана?
1. Што е тоа Штази?
Штази е кратенка од Staatssicherheitsdienst, што значи Министерство за државна безбедност на Источна Германија. Оваа служба е добропозната по разгранетата мрежа информанти и по шпионажата на населението од својата земја. Штази е организиран по углед на КГБ. Во својата работа ги копирал методите на советската разузнавачка служба, но сепак била посебна организација со сопствена внатрешна структура.
2. Сведочат ли овие документи за тоа дека Путин работел за Штази?
Не. Овие документи со фотографијата на Владимир Путин и со потпис кој лични на неговиот навистина ги има издадено Шрази, но тоа не значи дека Путин бил припадник на оваа организација. Секој агент на КГБ кој службено престојувал во Источна Германија (додека постоела КГБ) автоматски добивал документи од службата Штази, така што имал пристап до локалните центри на оваа источногерманска разузнавачка служба, како и до нивните информанти и информации. Од 1985 до почетокот на 1990 година Владимир Путин се наоѓал во Дрезден, Источна Германија, како офицер на КГБ. Документите од источногерманската разузнавачка служба зборуваат за тоа дека една од задачите на Путин во Дрезден може да биде одржување на врска или координација помеѓу матичната разузнавачка служба и Штази.
3. Зошто младиот Путин на фотографијата гледа настрана?
Некои сметаа дека фотографијата на 33-годишниот офицер на КГБ е необична зашто Путин намерно гледа настрана, а главата му е малку накривена, така што лицето може да му се види и од профил. На достапните фотографии од документите што КГБ ги има издадено пред 1990 година се гледа дека ова во тоа време била вообичаена практика. Од тој агол се стекнува малку подобра претстава за човекот зашто на една слика му се гледа лицето и во анфас и малку во профил. Путин гледал настрана зашто најверојатно така му рекол фотографот.
4. Што значи германскиот збор од предната страна на документите?
Зборот „Bezirksverwaltung“ упатува на регионот од кој се издадени документите. Во случајот на Путин тоа е Дрезден, градот кадешто тој работел како офицер на КГБ.
5. Што значи печатот на задната страна од документите?
Тоа се контролни печати кои сведочат дека документите не се застарени и оневозможуваат нивна потенцијална злоупотреба. Документите се контролирале во секој квартал во текот на годината. Треба да се истакне дека недостасува печат за последниот квартал од 1986 година. Можеби тоа е обичен пропуст на Штази, а можеби на Путин во тој период не му бил потребен пристап до ресурсите на оваа организација. Во секој случај, не се знае точно зошто недостасува овој печат.
6. Како реагираше Путин на ова?
Претседателот на Русија не го коментираше лично откривањето на овие документи. Неговиот портпарол Дмитриј Песков претпоставува дека во времето на соработката помеѓу КГБ и Штази можеби постоела можност за издавање или за размена на ваков вид документи.
извор: ПУТИН – ШТАЗИ документи

Loading...