Путин: Во Украина се случува граѓанска војна со големи размери

– Украинската криза се влоши поради тоа што Јанукович го одложи потпишувањето на спогодбата за асоцијација со Европската Унија. Потоа следуваше пуч кој го поддржаа нашите американски пријатели, а како резултат настапи хаос и граѓанска војна со огромни размери – изјави рускиот претседател.Тој, исто така, застана во одбрана на припојувањето на полуостровот Крим кон Русија во март, велејќи дека тоа следувало по демократското гласање за независност и дека со тоа е спречена трагедија, како што е „пеколот“ во пристанишниот град Одеса претходно месецов, во кој загинаа десетици проруски активисти.
– Кога станува збор за Крим, нашиот став е јасен. Тие гласаа за отцепување, тоа е неоспорив факт. Да не се случеше гласањето, ќе бевме сведоци на големи трагедии. На пример, кога во Одеса 59 луѓе беа спалени живи. Мислам дека ја направивме вистинската работа – рече Путин.
Советот за безбедност на ООН, не го поддржа предлогот на Русија за спроведување на истрага за случувањата во Одеса, каде што загинаа 48 лица, а преку 200 се повредени, неодамна јави руската новинска агенција Итар Тасс.Тој, исто така, застана во одбрана на припојувањето на полуостровот Крим кон Русија во март, велејќи дека тоа следувало по демократското гласање за

Пронајдете не на следниве мрежи: