Путин за роденден доби позлатен „ајфон 7“ со оригинална порака

Претседателот на Русија, Владимир Путин денес го прославува својот 64-ти роденден.Говорејќи пред новинарите за самата прослава на роденденот на лидерот на Руската Федерација, портпаролот на шефот на државата Дмитриј Песков откри дека Владимир Путин тоа ќе го стори во својот најблизок круг на роднини и пријатели.
Во меѓувреме, руските медиуми потсетуваат кои се најневеројатните подароци кои што ги добивал првиот човек на Русија во минатото. Меѓу подароците кои што досега Путин ги добивал од разни шефови на држави се ретки книжевни изданија, копија на Мономаховата капа, тигар, па дури и крокодил.
Во чест на рускиот лидер, претседателот на Индонезија засвирил на својата гитара и му ја отпеал Happy Birthday to You, а колегите од Кина и Јапонија му подариле торта и традиционален јапонски пијалок – саќе.
Во колекцијата со подароци се наоѓа и копија на капата на Мономах, како и специјална мапа од федералните окрузи направена од уралски полускапоцен камен. Интересен е и подарокот на претседателот на Монголија од кој Путин добил крокодил со посвета: Крокодилот е единственото животно кое што не оди наназад.
За својот 58-ми роденден Путин добил подарок – младенче на тигар старо два и пол месеци со име Маша. Денес тигарот живее во Зоолошка градина во Гелендик. За шеесетиот роденден Путин од рускиот премиер Димитри Медведев ја добил ретката книга на Александар Бену за „Царското село“ од 1910-та година.
Меѓу подароците кои што Владимир Путин ги добил за својот роденден може да се најде и позлатена фудбалска топка која што ја добил од претставници на ЦСКА Москва во чест на освојувањето на УЕФА купот во сезоната 2004/2005 и 11 од 30 томови од делата на Александар Солженјцин, подарок од неговата вдовица Наталија.
И за крај, кралот на Бахреин, Хамад Бин Иса Ел Халиф минатата година на Владимир Путин му подарил „Меч на победата“, направен од челик од Дамаск и разни племенити метали кои што ги порачал лично за себе.
Голем дел од овие подароци можат да се најдат во неговата претседателска библиотека, додека пак, како што пренесуваат руските медиуми, Владимир Путин само дел од подароците од своите најблиски пријатели ги задржувал за себе.
Сепак, најоригинален подарок денес оби од италијанската златарска куќа „Кавијар“. Таа изработи единствен „ајфон 7“ со ликот на Путин во златна рамка и со националниот грб.
На телефонот е изгравирана познатата реченица на Путин, која гласи: „Ние ќе одговориме на сите предизвици, работиме за доброто на Русија“.Говорејќи пред новинарите за самата прослава на роденденот на лидерот на Руската Федерација, портпаролот на шефот на државата Дмитриј Песков откри

Пронајдете не на следниве мрежи: